Association des professeurs de français de la République de Macédoine

Concours des Olympiades de langue française 2015

Предмет:  Известување за организирање на Олимпијадите по француски

       јазик 2015

 

Почитуван/а  директоре/ке,

 

Со задоволство Ве известуваме дека Здружението на професорите по француски јазик на Р.М. доби решение за акредитација за организирање на натпревари по француски јазик за учениците од основно и средните училишта во Македонија, од страна на Министерството за образование и наука, на 31/03/2014 год. број 11-2924/2 и број 11-2925/2.

Поради усогласување со Правилникот за организирање на натпревари, согласно акредитацијата, натпреварите задолжително се организираат во две односно три нивоа: општинско, регионално и државно.

 

Ве известуваме дека Здружението на професорите по француски јазик од Република Македонија, ќе го организира општинско/регионалниот и државниот натпревар Олимпијади по француски јазик 2015, и тоа за три категории на ученици кои го изучуваат францускиот јазик:

-       Ученици од последната година на основното образование, односно IX одделение (деветто одделение);

-       Ученици од трети клас од средните училишта кои го изучуваат францускиот јазик како странски јазик ; и

-       Учениците од трети клас од билингвалните (македонско-француски, албанско-француски) паралелки во средното образование.

 

Регионалните натпревари ќе се организираат на 27 или 28.03.2015 год. во следниве региони:

-       Скопје

-       Струмица (Ново Село, Босилево, Радовиш, Дојран, Валандово, Василево...)

-       Битола (Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар, Могила...);

-       Гостивар (Тетово, Теарце, Желино, Брвеница...);

-       Охрид (Струга, Дебар, Кичево...);

-       Кочани (Штип, Злетово, Берово, Пехчево, Делчево...);

-       Куманово (Липково, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Злетово и Свети Николе...);

-       Кавадарци (Неготино, Росоман, Гевгелија, Велес...);

 

Државниот натпревар ќе се одржи на 25 април 2015 година (сабота) во просториите на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје, со почеток во 9.30 часот.

Оваа година, најдбрите тројца ученици од двете категории за средното образование ќе земат учество на интернационалната Олимпијада по француски јазик кој ќе се одржи од 08 -10 мај 2015 година, во Романија.

Услови за учество на натпреварите како и подетални информации за натпреварите ќе бидат објавени преку сајтот на Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија, а наставниците кои не се членови на Здружението можат да добијат информации на следниве адреси (Снежана Петрова snezanapetrov@me.com, Анета Димишковска Петковска anetapet@yahoo.com)

  Со надеж дека ќе го имаме, Почитуван/а  директоре/ке,  вашето одобрување и  поддршка за организирање на овие натпревари, однапред Ви благодариме и срдечно Ве поздравуваме.

 

Со почит,

   Проф. д-р Снежана Петрова

    Претседател на ЗПФРМ