Association des professeurs de français de la République de Macédoine

5e Soirée francophone à Kriva Palanka- le 31 mars 2017

Date de l'événement : 
lundi 3 Avril 2017 - 21:00

Петта франкофонска вечер во Крива Паланка

 

Photo et commentaire de MIA sur la soirée francophone: 

 

Крива Паланка, 1 април 2017 , (МИА) – Во националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа се одржа франкофонска вечер на која учествуваа стотина ученици од основното училиште „Јоаким Крчовски“ и средно општинско училиште „Ѓорче Петров“.

На музичко-сценскито перформанс со деведесетминутна програма се говореше, драматизираше и пееше на француски јазик.

На настанот присуствуваше амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, придружуван од аташето за развој на францускиот јазик Љупка Димова, Елисавета Поповска, претседател на Здружението на професори по француски јазик и Марија Николова, одговорна за Франкофонијата при Министерството за образование и наука.

Амбасадорот имаше средба со градоначалникто на Крива Паланка и ги посети културно-историските споменици и знаменитости.

- Мојот впечаток е дека најдов мал дел франкофонија и Франција во Крива Паланка вечерва. Импресиониран сум од динамиката на претставата која го отсликува и градот со неговата динамика. Го посетив манастирот, се запознав со историјата на градот и се надевам дека со франкофонијата и останатата култура и историја ќе се проектира просперитетна иднина на градот, особено судејќи по потенцијалот на младината, изјави амбасадорот на Франција во РМ, Кристијан Тимоние.

Истакна дека придобивките на Македонија од учество во франкофонското друштво се голем, потенцирајќи дека вкупно 84 земји во светот и над 273 милиони луѓе го говорат францускиот јазик.

- Интересот за учество на учениците во оваа манифестација од година на година е се поголем. Годинава петмина професори и стотина ученции беа активно вклучени во подготовката и реализацијата на настанот, а вечерва околу 500 гости го проследија овој спектакл кој го слави Меѓународнито ден на франкофонијата-реч професорката по француски јазик, Елена Николовска.

Упати благодарност до останатите колешки кои го подготвија настанот, акко и до директорите на училиштето и гимназијата.

- Имавме прекрасен настан, убава вечер која имаше посебна тежина бидејќи амбасадорот не удостои со своето присуство. Учениците ги прикажаа вештините и знаењеата по француски јазикт со кои достојно ја претсавија општината вечерва, а ги претставуваат со гордост и училиштата и градот на бројни натпревари во и надвор од државата освојувајќи награди и признанија за своите знаења, изјави градоначалникот Алексовски.

Ова беше петта, јубилејна, франкофонска вечер во Крива Паланка, a e востановена во 2013 година.ид/11:04

------------------------------

Le 31 mars 2017 a eu lieu à Kriva Palanka la traditionnelle Soirée francophone à laquelle ont assisté son Excellence, Monsieur l’Ambassadeur de France en Macédoine et Monsieur le Maire de Kriva Palanka

Pour avoir plus d’informatins sur l’atmosphère lors de la Soirée, consulter les liens

https://www.youtube.com/watch?v=IM6EKfkIknQ&feature=youtu.be

http://mia.mk/Mobile/mk/Home/RenderSingleNews/134?newsID=133636292