Association des professeurs de français de la République de Macédoine

Journée européenne des langues au collège Rajko Zinzifov, de Dracevo à Skopje

Во рамките на годишната програма за работа  на училиштето ООУ „ Рајко Жинзифов “, н. Драчево, беше планирана активност за одбележување на  ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ. За таа цел, на ден 24. 09. 2015 г. (четврток) со почеток во 12.30 часот, во холот на училиштето, беше реализирана пригодна програма. Во истата, учествуваа учениците од I до IX одделение од централното  и  подрачното училиште во Пинтија.

Носители на програмата беа наставниците по француски јазик Наталија Делева и Анета Ѓуровска Арсовска, во соработка со наставниците по англиски јазик.

 Програмата беше исполнета со изведба на рецитали, стихотворби и драматизации на француски јазик и англиски како и интерпретација на француски шансони со изведба во живо, поткрепени со кореографија. Свое обраќање до присутните имаше и директорот на училиштето Елизабета Славковска.

Освен наставниците од училиштето, помеѓу присутните беа и претседателката на Здружението на Професори по француски  јазик г-ѓа Елисавета Поповска, наставници од другите општински училишта, родители, како и претставници на Секторот за образование при Општина Кисела Вода.